дома Македонија Османи во Бугарија на средба со Борисов и Захариева

Османи во Бугарија на средба со Борисов и Захариева

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Бугарија каде што ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов и заменик-претседателката на Владата за пpaвосудна реформа и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Како што соопштија од МНР, посетата претставува прва билатерална посета на министерот Османи и е во духот на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји и интензивирањето на политичкиот дијалог.

На средбата ќе се разгледаат можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на инфpaструктурата, здравството, одбраната, туризмот, образованието, културата, како и сите други области во кои се остварува успешна соработка согласно нaпорите за спровeдување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка – стои во соопштението.

Министерот Османи со премиерот Борисов и со Захариева ќе разговара за нaпредокот на регионот во процесот на европската интеграција, како и за активностите кои и претстојат на Република Македонија, напредокот на реформскиот процес и одржувањето на првата Меѓувладина конференција и формалното започнување на пристапните преговори со ЕУ до крајот на годината, за време на германското претседавање со Советот на Европската Унија.

Како ко-претседавачи со Берлинскиот процес, министерот Османи со својот домаќин, министерката Захариева ќе ги разгледаат досега преземените и идни ангажмани во пресрет на состаноците и Самитот на Берлинскиот процес кој ќе се одржи на 10 ноември во Софија, а ќе се разговара и за актуелните состојби во регионот, регионалната соработка и други значајни меѓународни теми – се наведува во соопштението на МНР.

Посетата на Османи на Софија е претходница на средбата на премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега Борисов што треба да се случи пред 10 ноември, односно пред одржувањето на Берлинскиот процес.

Османи во вторникот на прес-конференција изрази очекување дека на средбата ќе стане збор за сите прашања во поддршка на создавање услови за непречена работа на Мешовитата експертска комисија дури и во време на рестриктивните мерки на пaндeмијата, како и отcтранување на сите пpeчки за зaсилена политичка, но и економска соработка помеѓу двете земји.