Османи: Гpaѓaнитe дa бидaт миpни, Ахмети ќе ја одpжyвa бeзбeднocта вo дpжaвaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, по средбата со Генералниот совет на партијата, изјави дека по новонастанатата политичка ситуација мора да се одреди курсот на иднината на оваа држава.

Османи рече и дека е многу важно да се донесе одлука со која ќе се врати стабилноста во земјата, а истакна дека лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се сретне со сите освен со оние кои се против Албанците.

-Сега мора да се одреди курсот на иднината на оваа земја. Сега е важно да се донесе одлука која ќе ја врати стабилноста на земјата. ДУИ е тука која во овие политички игри секогаш знае да го одржи интересот на државата. Граѓаните да бидат мирни бидејќи Али Ахмети ќе ја одржува безбедноста во државата. Али Ахмети ќе се сретне со сите освен со оние кои се против Албанците, изјави Османи за медиумите.

Едногласно, додаде Османи, било потврдено од сите членови на Генералниот совет дека евроатлантскиот курс на Македонија е без алтернатива.

– Генералниот совет едногласно го овласти претседателот Али Ахмети да продолжи со разговорите со сите политички партии за одржување на евроатлантскиот курс на земјата, се разбира освен оние кои се во директен судир со интересите на граѓаните со евроатлантски вредности. Значи, овие разговори ќе продолжи да ги води претседателот Ахмети, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, по состанокот на Генералниот совет на ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This