дома Македонија ОСМАНИ КОНТРА КОЧО: Македонија ќе загуби 100 милиони евра со новите квоти...

ОСМАНИ КОНТРА КОЧО: Македонија ќе загуби 100 милиони евра со новите квоти за увоз на челик и алуминиум на ЕУ

Во своето вчерашно гостување на 1 ТВ, вицепремиерот Бујар Османи најави огромни загуби поради новите мерки за ограничен извоз во ЕУ на челик и алуминиум.  Од идната година за македонските компании кои произведуваат челик и алуминиум ќе важат новите мерки за ограничен извоз во ЕУ, а според проценките на владата можни се загуби тешки 100 милиони евра.

-Согласно новата формулација, земен е просекот на извоз на овие компании од 2015, 2016 и 2017 година зголемен за пет отсто раст. Се што е над тој износ ќе биде царинето со 25 отсто. Тоа ќе значи големи проблеми за нашата индустрија на челик и алуминиум, која сериозно придонесува во БДП на државата. Проценките се дека штетата би можела да биде до 100 милиони евра на годишно ниво на извозот, рече Османи.

Привремените мерки ЕУ ги воведе во јули, како резултат на трговската војна со САД, а наведените конечни мерки треба да траат три години. Од Владата, вели Османи, не се откажуваат од обидите да ја убедат ЕК дека Македонија треба да биде исклучена од овие мерки, но сега за сега тешко им оди.

Додека Османи ги најавуваше загубите, вицепремиерот Кочо Анѓушев пак, два часа порано во гостувањето на телевизија Телма рече дека квотите на ЕУ нема да предизвикаат пад на македонската економија.