Османи: Можеме да дадеме дополнителни гаранции околу барањата на Софија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со Бугарија можеме да најдеме решение околу употребата на краткото име на државата како и околу барањата на Софија да дадеме дополнителни гаранции од нашата страна коишто ќе создадат предвидливост околу имплементација на договорот, открива шефот на дипломатија во интервју со Трилинг.

Министерот за надворешни работи е дециден дека за идентитетските прашања не се разговара со Бугарија, додавајќи дека нема да се дозволи да се оспоруваат националните атрибути.

Не разговараме за идентитетските прашања. Нашиот став е дека нема да дозволиме никакви ставови со кои ЕУ ќе ги спори идентитетските карактеритики, па и на македонскиот народ, на граѓаните во Република Македонија. Република Бугарија има право да си го задржи својот став по однос на атрибутите и ние не може да се мешаме околу тоа каков став имаат, ниту претендираме дека може да им се мешаме. Но, не сметаме дека тоа е прашање кое Европската унија треба да го има како став и во тој дел велам дека тоа се нашите ставови во однос на идентитетските прашања, рече Османи.

Другите пашања, рече, се решливи, особено ако се случваат во атмосфера на доверба.

На прашање што доколку се случи и во јуни, до крајот на португалското претседателство со ЕУ, не се одржи првата меѓувладина конференција и не почне преговарачкиот процес, шефот на дипломатијата вели дека земјава ќе продолжи да бара решенија со цел да ги оствари европските перспективи.

Ќе треба да продолжиме да ги убедуваме дека ова веќе не е само интерес на РС Македонија. Интерес е на целиот регион и на Европска унија, бидејќи нема комплетна ЕУ без Западен Балкан, а нема стабилен Западен Балкан ако најдобриот ученик на Балканот не добие одговор од Унијата таков како што заслужува. Затоа често велам дека ние станавме тест на кредибилноста на процесот за проширување во Западниот Балкан, рече министерот Османи.

Знам, додаде тој, дека фрустрациите во јавноста се зголемуваат, дека ентузијазмот во институциите ќе биде оштетен, но, нагласи, мора да се продолжи бидејќи крајната цел е многу поважна за иднината на следните генерации, отколку напорите и фрустрациите што ги прави и трпи оваа генерација.

FacebookTwitterCopy Link

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This