дома Социјални Мрежи ОСМАНИ: Немам дилеми дека Европскиот кредибилитет од денес е нapyшен не само...

ОСМАНИ: Немам дилеми дека Европскиот кредибилитет од денес е нapyшен не само во земјава, туку и во целиот регион

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Омсани, на својот Фејсбук профил напиша дека е свесен дека изминативе неколку дена секој од нас, на одреден начин, е под пpитисок на измешани чувства – на исчекување и нaдеж, но и на чувство на немир и тензија, поради неизвесноста која се случува во Брисел изминативе два дена.

–Сакам да ве уверам дека на овој пат навистина направивме многу; направивме буквално сѐ што е во наша моќ и тоа ни го признаваат сите, буквално сите политички центри на моќ го признаваат напредокот на земјава. Од реформи со кои ја вративме довербата на граѓаните во институциите, до зрели политички компромиси со кои создадовме земја опкружена со соседи – пријатели – пишува Османи.

Тој посочува дека и не е дека овој резултат не бил вреднуван.

–Стануваме 30та членка на НАТО – нашата најважна гаранција за стабилна и безбедна иднина; но минавме и во нова фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ со која институционално се поврзуваме со Унијата; го започнавме набљудувачкиот скрининг, а станавме и членки на Јадранско–Јонската група земји. Едноставно како земја навистина се вративме на евроатланскиот пат во најширока смисла на зборот. И ова не е само наша констатација. За ова добивме потврда и од Европската Комисија, и од соседите, и од земјите – членки на Унијата. Денес 27 земји – членки побараа јасно и недвосмислено Република Македонија да добие нов импулс во европските интеграции за да продолжи на патот на реформите, за што сме им особено благодарни. Но денешниот Совет на ЕУ покажа дека и на Унијата и е потребна реформа. Една земја, чие клучно барање е да се нaпушти принципот на консензус при одлучувањето, денес го искористи ова право за да не дозволи заокружена одлука за старт на преговорите – појасни вицепремиерот Османи.
Тој додава дека тој немал дилеми дека Европскиот кредибилитет не само во земјава, туку и во целиот регион од денес е наpушен.

–Тоа е нормална, логична и природна последица кога една Унија изградена на принципи ќе го нapуши основниот принцип и нема да го одржи сопствениот збор. Но тоа не смее да нѐ оддалечи од европските вредности. Ние сме дел од Европа, и денешната неправда не смее да нѐ оддалечи од нашите напори да продолжиме со имплементацијата на реформи, да продолжиме во изградбата на добрососедските односи, да продолжиме да го негуваме соживотот и мултикултурното општество – едноставно, да продолжиме во изградбата на европска Република Македонија – напиша Османи на Фејсбук.