дома Македонија ОСМАНИ: Не сакаме датум во октомври, поради изборите во Грција

ОСМАНИ: Не сакаме датум во октомври, поради изборите во Грција

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи изјави дека Македонија ќе добие датум за преговори од ЕУ оваа година, но нашата страна посакува тоа да биде до јули, а не во октомври.

Османи како една од причините ги спомена и предвремените парламентарни избори во Грција на 7 јули. Кај јужниот сосед, според резултатите од последните европски и локални избори, треба да победи опозициската Нова Демократија наспроти Сириза на актуелниот премиер Алексис Ципрас со кого беше воспоставен Преспанскиот договор.

Османи рече дека не е прашање дали ќе започнат преговорите годинава, туку дали тоа ќе биде летово или во октомври, и дека тоа ќе биде тема на средбата на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел следната недела.