April 24, 2024, 11:43 am

Османи од Брисел: Можен е почеток на преговори со ЕУ во декември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Завршувањето на изборните процеси во Македонија и во Бугарија создаде предуслови за политичка стабилност и предвидливост во двете држави, а со тоа и потреба за рефокусирање на нашиот ангажман и енергија во правец кон надминување на разликите коишто доведоа до блокирање на европскиот пат на земјава, изјави денеска во Брисел министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Првиот ден по тие изборни процеси дојдов во дводневна работна посета во Брисел за да се сретнам и со мојот колега од Република Бугарија, меѓутоа и со високи претставници на Европската унија, за да ги утврдиме наредните чекори во пресрет на декемврискиот самит на ЕУ, како една можност за започнување на преговорите, истакна Османи.

Шефот на дипломатијата нагласува дека тој процес нема да биде лесен, но оттука и „придонесот на секој во отворањето на ова ново поглавје за државата кое што ќе ја приближи на еден чекор до ЕУ ќе биде од суштинско значење“.

– Имајќи предвид дека во Република Македонија е клучот за деблокирање на целиот регион, мислам дека вклучувањето на сите чинители во државата во правец на изнаоѓање на решение, во правец на започнувањето на преговорите ќе биде запаметено како суштински придонес не само за државата, туку и за регионот, потенцира Османи по завршувањето на дводневната посета на Брисел.

Како што соопшти МНР, Османи денеска оствари средби и со копретседавачот со Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ – Македонија, Андреас Шидер и со известителот на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук.

Во соопштението се посочува дека на средбите станало збор за последните внатрешно-политички случувања во државата, каки и за евроинтегративните текови во државата и обидите и можностите за придвижување на целокупниот процес.

– Од пратениците беше подвлечена силната поддршка за европската перспектива на Македонија, непречен тек на европската агенда на земјата, усвојување на преговарачката рамка и организација на првата меѓувладина конференција. Тие ја нагласија важноста за континуитет на реформите, за потребата од стабилност на државата со цел создавање позитивна атмосфера за отпочнувањето преговори. Беше истакнато дека концептот на мултиетничка и мирољубива држава, посветена преку компромис и дијалог да доаѓа до решенија, се препознава како уникатен и голем успех за Македонија и претставува пример не само за регионот, туку и пошироко. Нагласувајќи го геополитичкиот аспект за важноста на проширувањето на ЕУ со регионот, беше едногласно констатирано дека Западниот Балкан е важен не само за безбедноста и стабилност на ЕУ, туку и за севкупниот економски, политички и општествен напредок на континентот, се наведува во соопштението.

На средбата, Ќучук го информирал министерот Османи за текот на подготовките на новата Резолуција за напредокот на земјата, документ што традиционално, секоја година го изготвува Европскиот парламент.

Османи имаше средби и со дипломатскиот советник на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Симон Мордју и со други високи претставници на ЕУ, а работната посета на Брисел ја заокружи со интервјуа за угледниот бриселски веб сајт „ЕУ Обсервер“ и за „Агенција Европа“, споделувајќи видувања за актуелните внатрешни и надворешно-политички текови во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This