дома Македонија ОСМАНИ ПОВТОРНО ПОТВРДИ: СДСМ го прифати албанскиот јазик на банкнотите

ОСМАНИ ПОВТОРНО ПОТВРДИ: СДСМ го прифати албанскиот јазик на банкнотите

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ повторно потврди дека во договорот со СДСМ е предвидено банкнотите да бидат двојазични.

На прашањето дали банкнотата ќе биде двојазична, Османи одговори:

Тоа е предвидено во драфтот кој што е одобрен од Претседателството.

Запрашан дали тоа е предвидено во Законот кој што го усогласиле со СДСМ и дали СДСМ ќе гласа за тоа, Османи рече:

Стои во усогласениот текст на предлогот законот со СДСМ.

Прашан дали тоа не предизвикува дополнителни проблеми бидејќи е тоа противуставно како што велат некои експерти, Османи рече дека тие сметале оти тоа е во рамки на Уставот.

Османи беше и запрашан како ќе стои на банкнотата Народна Банка на Република Македонија, дали и на македонски и на албански јазик, при што кратко одговори:

-Па да.

Османи рече и дека амблемите на војската и полицијата ќе бидат двојазични во општините каде што Албанците се над 20% и во градот Скопје.