Османи разговарал со четири бугарски обвинители: Според нивните информации нeмaлo нафта и пиpoтexникa во автобусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „Програма 200“ на Алсат ТВ, рече дека оваа трагедија ги надминува сите димензии на секоја трагедија. Тој рече дека тоа што се случи вчера во Бугарија не може да помине така лесно и дека оваа трагедија ќе го ресетира целиот јавен транспортен систем.

Османи додаде дека вчера имал средба со 4 бугарски обвинители и во разговор со нив тие ги отфрлаат сите шпекулации дека во автобусот имало пиротехнички средства или дизел во автобусот.

Министерот, кој лично се занимава со трагедијата на патот „Струма“, рече дека седумтемина преживеани од трагедијата се во добра здравствена состојба и дека двајца од нив кои се чувствуваат подобро, во петок ќе се вратат во земјава. Другите мора да почекаат уште неколку дена бидејќи некои од нив биле оперирани. Според министерот и во овој случај државата ќе врши организиран превоз на свој трошок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This