April 20, 2024, 12:49 pm

Османи: Решение со Бугарија е можно уште следниот месец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за бугарската телевизија Нова вели дека тоа што Бугарија сега има политичка Влада го отвора патот за пронаоѓање решение на спорот и одблокирање на патот на Македонија кон Европската унија, нагласувајќи оти решение може да има веќе следниот месец.

„Потребно е да има сеопфатен пристап. Да, историјата е важна, но ние секој ден правиме историја, создаваме историја. Јас прифаќам само еден аргумент зошто досега не беше најдено решение, бидејќи немаше политички кабинет. Сега навистина нема причина да се даваат долги рокови, кога има политички кабинет. Има стабилно мнозинство во Република Бугарија и во Република Северна Македонија и можеме да седнеме уште од утре, да ги продолжиме разговорите и уште во јануари да има решение“, истакна Османи.

Новата бугарска влада предводена од премиерот Кирил Петков која минатата недела ја презема функцијата одлучи да остане на блокадата за македонскиата интеграција во Европската унија и на последниот Совет за општи работи на ЕУ кој се одржа во Брисел во вторникот. Петков најави план за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија со кој би се формирале работни групи и за други теми како економијата и културата, а не само за историјата каква што функционира досега и не дојде до голем напредок. Рокот кој го кажа бугарскиот премиер за надминување на проблемот е шест месеци.

Османи во интервјуто за бугарската телевизија вели дека новиот пристап кој го изнесе Петков со вклучување на сегашноста и иднината за земјава е важна порака, но напомена дека предлогот за шестмесечен рок за пронаоѓање решение е премногу долг.

Министерството за надворешни работи досега разменуваше предлози со бугарското министерство предводено од тамошната службена влада која осум месеци раководеше со земјата. Османи вели дека за тие прашања кои се дел од таканаречниот пакет пет плус еден, македонската страна дала компромисни решенија. Тој потенцираше и дека Македонија нема да се меша во внатрешните работи на Бугарија во однос на начинот, на кој се организираат нејзините граѓани.

„Република Македонија и Република Бугарија имаат различен начин на етничкото организирање на граѓаните. Кај нас Уставот признава етнички заедници. Во Уставот е запишано – македонскиот народ, етничките заедници на албанскиот, турскиот, ромскиот и.т.н. Во Бугарија тоа нешто не постои во Уставот. Нашата позиција е дека тоа е прашање за кое Бугарија самата ќе решава како ќе се организира. Ние немаме никаква намера да се мешаме во тоа како Република Бугарија ќе се организира“, рече Османи.

Инаку, таканаречениот план пет плус еден за кој се разговараше на релација Софија-Скопје го содржи прашањето на краткото име, прашањето на говорот на омраза, на рехабилитација на жртвите на комунизмот, на работата на историската комисија, на немешањето во внатрешните работи на Бугарија, на кое што се надоврзува и прашањето за вклучување на Бугарите во Уставот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This