дома Македонија Османи со детали за разговорот со Екатерина Захариева

Османи со детали за разговорот со Екатерина Захариева

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук-профил објави дека попладнево во Софија се сретнал со Екатерина Захариева, со која разговарал за секторската соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија.

– На враќање од посетата на Париз, застанав во Софија и се сретнав со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, со која разговаравме за секторска соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија како инструмент кој произлегува од договор за добрососедство веднаш по усогласување на акцискиот план за секторска соработка, наведува Османи во објавата на Фејсбук.

Како што претходно јави дописникот на МИА од Софија, веднаш по пристигнувањето во бугарскиот главен град, Османи се упатил на средба со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во владината резиденција во Бојана.