дома Македонија ОСМАНИ СО ШАМАР ЗА ЗАЕВ: Наместо да тераат предизборна кампања, партиите да...

ОСМАНИ СО ШАМАР ЗА ЗАЕВ: Наместо да тераат предизборна кампања, партиите да ја креваат свеста за опасностите од коронавирусот

Во гостувањето во „Топ Тема“, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи потенцираше дека партиите имаат штабови во секое село и наместо партиска предизборна кампања треба да водат кампања за кревање на свеста за опасностите од коронавирусот. Тој посочува дека само со борба со лажните вести и укажување на граѓаните од страна на партиите за опасноста од коронавирусот ќе ја победиме епидемијата.

-Политичките партии имаат структури во секое село и наместо овој период да правиме можеби кампања ние во овој период да почнеме да разговараме со луѓето и да ги одвратиме од таквите размислувања.

Единствена политичка партија која во моментов во Македонија води предизборна кампања е СДСМ, токму поради оваа причина ова е голем удар за политиките на Зоран Заев и СДСМ.