дома Македонија Османи утре домаќин на Сијарто

Османи утре домаќин на Сијарто

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во еднодневна работна посета на Македонија.

Во фокус на разговорите ќе бидат севкупните билатерални и економско-трговски односи, како и актуелните политички случувања со акцент на последните заклучоци донесени на декемврискиот Совет за општи работи на Европската унија.