April 20, 2024, 11:29 am

Османи oд Гepмaниja ja пoчнyвa интeнзивнaтa нaдвopeшнo-пoлитичкa тypнeja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од утре почнува нова надворешно-политичка турнеја, со присуство во неколку значајни метрополи: Берлин, Варшава и Блед (Словенија), со цел билатерални средби и учество на значајни меѓународни настани.

Како што соопшти МНР, веќе од утре Османи е во работна посета на Сојузна Република Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот.

Посетата има за цел да се продолжи високиот политички дијалог со Германија, но и да се реафирмираат германските позиции во однос на нашето европско досие, особено пред одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија.

Од Берлин, Османи продолжува за Полска каде ќе учествува на „Безбедносниот форум во Варшава“. Во Варшава Османи, ќе оствари средби со неговиот полски колега, министерот, Збигњев Рау, но и со финскиот министер за надворешни работи, Пека Хависто и со други значајни политички претставници активни во сферата на безбедноста и транс-атлантските односи.

В среда Османи ќе се приклучи на државната делегација, предводена од претседателот на Владата, со цел учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува во Брдо кај Крањ, во Словенија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This