дома Македонија ОСТАВКИ ВО СДСМ КРИВА ПАЛАНКА ПРЕД ИЗБОРИ: Сомнежи за криминал им ја...

ОСТАВКИ ВО СДСМ КРИВА ПАЛАНКА ПРЕД ИЗБОРИ: Сомнежи за криминал им ја завршија кариерата на неколку државни функционери

Општинската организација на СДСМ, Крива Паланка се соочува со сериозни проблеми пред изборите. Се шпекулира дека поради сомнежи за криминални дејности и можноста во пресрет на изборите да се обзнанат во јавноста уште повеќе шокантни информации, јавни функционери „прерано“ ја завршија својата кариера.

Очигледно дека послушноста кон партијата и најлојалните членови ја откажуваат во моменти кога се ближи поразот. Таков е случајот со Ѕвоко Филиповски и Станојко Додевски за кого во градот и во партијата на големо се шпекулира дека се вмешани во корупциски скандали..

Дали нивните оставки како членови во одбори се должи на шпекулациите во градот?

Ѕвоко Филиповски беше член на одборот за контрола на материјалното и финансиско работење на ЈП комуналец, а Станојко Додевски член на Управен одбор во ЈП Комуналец.