дома КОВИД-19 (Коронавирус) Останати се одвај 5000 вакцини, се очекува донација од 70 илјади нови...

Останати се одвај 5000 вакцини, се очекува донација од 70 илјади нови дози

Останати се помалку од 5.000 вакцини, кои се распределени да се даваат во новоотворените пунктови, а во сите други се врши ревакцинација, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што најави тој, оваа недела треба да пристигнат 70 илјади вакцини – 50 илјади од Бугарија и 20 илјади од Грција, а најверојатно ќе станува збор за вакцини на „Астра зенека“.

Останува, редовно, секој понеделник, да пристигнуваат вакцини на „Фајзер“, а се очекува да стигне и голема количина вакцини за кои сѐ уште нема точен датум, а биле најавени за почетокот на јуни.