дома Македонија ОСТАНАТИ УШТЕ МАЛКУ БИЛЕТИ ЗА ПАПАТА: Ќе можат да се подигнат утре...

ОСТАНАТИ УШТЕ МАЛКУ БИЛЕТИ ЗА ПАПАТА: Ќе можат да се подигнат утре на улица „Македонија“!

Доколку сакате да присуствувате на литургијата на Папата, а не сте набавиле билети се уште можете да го сторите тоа.

Преостанати се мал број бесплатни билети за учество на централниот настан од посетата на поглаварот на Католичката црква, литургијата на плоштадот „Македонија“ во Скопје што ќе се одржи на седми мај, соопшти Координативното тело за организирање на посетата на папата Франциск на Република Северна Македонија.

– Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на овој историски јавен настан можат да подигнат бесплатни билети и во текот на утрешниот ден, во периодот од 12 до 17:30 часот, на промотивниот штанд пред Спомен-куќата на Мајка Тереза на улицата „Македонија“ во Скопје, се вели во соопштението.