дома Временска Прогноза Останете дома: Вечерва невреме во делови од Македонија

Останете дома: Вечерва невреме во делови од Македонија

Денес од пладневните часови се очекува нестабилна облачност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе бидат интензивни и краткотрајни, а можна е и појава на град.

Дневната температура ќе се движи во интервалот од 25 до 32 степени.

Од утре се очекува стабилизирање на времето по што ќе следува стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на пораст, и за викендот ќе се искачуваат од 28 до 36 степени.