дома Локално ОТВОРЕНА ЛИНИЈА НА ОПШТИНА КАРПОШ: Граѓаните на Карпош може да се јават...

ОТВОРЕНА ЛИНИЈА НА ОПШТИНА КАРПОШ: Граѓаните на Карпош може да се јават на овие броеви за да побараат чистење на нивната улица од снег и мраз!

Општина Карпош организира акција за чистење на улиците и тротоарите, но за таа цел апелира до граѓаните да ги тргнат своите автомобили. За оваа цел од општината оставија и отворени линии на кои граѓаните ќе може да се јават до надлежните служби и да побараат нивната улица да биде исчистена од снегот

Почитувани сограѓани, Сите оние граѓани на Карпош што ќе се договорат да ги тргнат паркираните возила од нивните улици за да им се исчистат улиците од снег и мраз можат да се јават на телефонските броеви 070 235 790 и 071 261 233 со цел да се договорат кога зимската служба да интервенира – стои во апелот од општина Карпош