дома Политика Отворен централен штаб на„ Левица“ во Кичево

Отворен централен штаб на„ Левица“ во Кичево

Во присуство на голем број членови и лидерот на паријата Димитар Апасиев, во непосредна близина на Магистралниот пат што поминува низ Кичево, отворена е канцеларијата на централниот штаб на„ Левица“ за Кичево, за претстојните локални избори и која воедно ќе биде и собиралиште на членовите и симпатизерите на оваа партија пред и за време на овие избори.
При оваа дружба беше претставена и програмата на партијата подготвена за претстојните локални избори што ќе се одржат на 17 овој месец и промовирани кандидатите за членови на Советот .
Претседателот Димитар Апасиев нагласи дека Левица е работничка партија, дека нејзините почетоци датираат од времето на движењето „Ленка“, за денес да прерасне во сериозна партија. Посочи дека му е многу мило што и во Кичево како и секаде во земјава, расте бројот на членови и симпатизери на оваа партија.
Носителката на листата на „Левица“, Оливера Д.Стефаноска, истакна дека нивна првенствена цел е да обезбедат барем едно советничко место и да поведат отворена борба против урбаната мафија која е присутна во општината со години наназад