дома Хроника ОТИДОА ПАРИТЕ ЗА КАНАЛИЗАЦИЈА: Градоначалничката на Арачиново и нејзината ќерка направиле „мала“...

ОТИДОА ПАРИТЕ ЗА КАНАЛИЗАЦИЈА: Градоначалничката на Арачиново и нејзината ќерка направиле „мала“ сообраќајка во Приштина!

Ѕвездата во кампањата на СДСМ и Зоран Заев, кадарот кој требаше да прави канализации во Арачиново, да ги средува улиците и патиштата, Милкије Халими, вечерва направила „мала“ сообраќајка, информираат од општинската организација на СДСМ во Арачиново 

 

„Во една мала сообраќајна несреќа во Приштина повредена е градоначалничката на општина Арачиново Милкије Халими, му посакуваме да оздрават таа и нејзината ќерка“ – пишуваат од ОО на СДСМ во Арачиново. 

Секако, во објавата не е спорна само сообраќајката во која учествувала Халими, туку и фактот дека во неработен ден таа го користела општинското возило за приватни цели, имајќи во предвид дека во автомобилот била со нејзината ќерка. Најверојатно на шопинг тура.

Ова значи и лоши вести за арачиновци, кои сега наместо да добијат канализација, ќе мора да плаќаат за поправката на општинскиот „Фолксваген Фејтон“ кој чини преку 50.000 евра, па согласно на тоа и поправката ќе чини поприлично висока сума.