дома Македонија ОТИДОА „JAБAHA“ СИТЕ СЛУЧАИ НА СЈО: Ќе важи пomилувањето на Иванов?

ОТИДОА „JAБAHA“ СИТЕ СЛУЧАИ НА СЈО: Ќе важи пomилувањето на Иванов?

Дали случаите на СЈО се под нова закана? Одлуката Уставниот суд да поведе постапка за оценување на членот 11 – а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 – та година директно влијае врз актуелните обвиненија и истраги. Членот 11 – а овозможува, претседателот на државата да повлече веќе донесена одлука за помилување. Сега највисокиот суд ќе утврдува дали членот е во согласност со Уставот. Од оваа институција за Алсат брифираат дека пред судиите се две опции:

Да се укине членот 11 – а, што би значело во иднина шефот на државата да не може да повлече веќе донесена одлука за амнестија. Втората опција која би била кобна за обвиненијата на СЈО е да се поништи членот 11 – а. Тоа би значело дека амнестијата на екс претседателот Ѓорѓе Иванов од април 2016 – та година ќе стапи во сила, а сите обвинети во случаите на СЈО ќе бидат слободни луѓе. Поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, во постапката на неговите поранешни колеги препознава обид да се урне правниот поредок во земјава.

„Дали Уставниот суд ќе падне толку ниско и да се впушти под нивото на било каква правна дисциплина и правно познавање, тоа нека им служи на чест. Јас како поранешен претседател на Уставен суд никогаш не сум доаѓал во таква можност евентуално да размислувам за прифаќање на такви политички мешања, а тоа не би било друго освен политичко мешање во работата на Уставниот суд“, вели Ивановски.

Уставен вчера извести дека можноста претседателот на државата да го поништи помилувањето доведува до нееднаков третман, зашто тој, според Уставот, може само да помилува, но не и да поништува аболиција. Во април 2016 – та година, екс-претседател, Ѓорге Иванов, донесе аболиција која ги опфати тогашните осомничени во случаите на СЈО. Под притисок на јавноста, протести и влијание на меѓународниот фактор, по месец и половина Иванов го повлече помилувањето. Од Уставниот суд најавуваат дека одлука ќе се донесе до Нова Година.

Извор: Алсат М