дома Македонија Отишол на државно му поправиле грешен зaб – Добил апцec на кocката...

Отишол на државно му поправиле грешен зaб – Добил апцec на кocката па немало дежурен лекap

Maкедонското здравство вака најлесно може да се опише она што му се случувало на младиот скопјанец, Амар Меќинович кој имал здравствен проблем и отишол да се лекува на државна клиника.

И се ќе беше во ред доколку заболекарот не му поправил погрешен заб, по што здравствената состојба му се искомплицирала, а не можел да најде дежурен лекар.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

-Story time:

Вчера ми се случи поради лечење на погрешен заб кај забар Х, да ми се развие абцес на палатиналната коска (кровот на устата), и така во апсолутна агонија да тргнам на дежурен, нели прво во државни болници, па така 3 од 4 дежурни клиники во кои пристигнав:

Бит Пазар, клинички центар и Јане Сандански (уште Ѓорче не го проверив) не ме примија зошто нема дежурни лекари, и ми рекоа да одам на приватно. На крај тоа и го направив, но поуката на приказната е следна: со сите државни капацитети управува непријателско Министерство за здравство, чија цел е да се оправда приватизација на здравството.

Ова е главен град со 600 000 жители. А некој друг, ќе се врати дома избркан, и во агонија ќе трае дур не му се загрози животот, и конечно умре, пишува Амар Меќинович.