дома Социјални Мрежи ОТИШОЛ ПО ПАСОШ МУ ДАЛЕ „ФАЛШЛИВА“ ЛИЧНА КАРТА: За „рамковните” нема разлика...

ОТИШОЛ ПО ПАСОШ МУ ДАЛЕ „ФАЛШЛИВА“ ЛИЧНА КАРТА: За „рамковните” нема разлика помеѓу пасош и лична карта!

Се повеќе граѓани секојдневно реагираат на не професионалниот и дрзок однос на шалтерските работници на МВР, при вадење на нови лични документи (пасоши и лични карти), една од реакциите која беше објавена на социјалните мрежи ви ја пренесуваме во целост. 

„МВР и сѐ е можно:

Пред две и кусур недели отидов во мвр за да извадам нов пасош. На шалтерот од службеникот побарав формулар за нов пасош, го пополнив, чекав ред за сликање, таму платив со картичка и ми дадоа пусулче дека ќе биде готов тогаш и тогаш. Отидов во понеделникот – не беше готов, одам денес го давам пусулчето и после едно пола саат ме викаат од сауната чекалница на шалтер. Ми побараа лична карта што ме зачуди оти на другите што си земаа пасоши не им бараа. Даам лична карта и службеничката ми дава нова лична карта???? Што ќе ми е лична карта, велам, јас по пасош доаѓам. Личната карта ми важи уште два месеци. Ми објаснија дека сум поднел барање за лична карта. А јас не проверив какво барање сум пополнил. Барем личната карта да беше ок. Сликата е толку бледа што едвај се гледа лице. Во понеделник ќе треба тој службеникот од гаќи да го истресам или да му се изнапцујам со мерак.
Барав пасош а добив фалшлива лична карта.“

Подготвил

Борислав Стоилковиќ