дома КОВИД-19 (Коронавирус) Откажана главната манифестација за Курбан Бајрам

Откажана главната манифестација за Курбан Бајрам

Ријасетот на ИВЗ поради актуелната состојба со ковид-19 се откажа од организирање на главната манифестација по повод Курбан Бајрам.

Таа според верскиот календар, оваа година требаше да се одржи во четврток на 31 јули, со Бајрам намаз во Скопје во 6 часот и 6 минути.

Во сопштението на ИВЗ се наведува дека при Бајрамската молитва, верниците се должни да ги почитуват мерките кои важаат и за извршување секојдневен намаз во џамија, односно, задолжително носење маска, дезинфекција на рацете или носење ракавици и секој верник треба да има лично сеџаде.

Од ИВЗ наведуваат дека џамиите ќе бидат деизнфецирани, но укажуваат дека треба за извршување на молитвата треба да се користат дворовите на џамиите.