дома Македонија ОТКАЖАНИ СИТЕ НАСТАНИ ПО ПОВОД ,,СВЕТИ ТРИФУН”: Во Демир Капија ќе се...

ОТКАЖАНИ СИТЕ НАСТАНИ ПО ПОВОД ,,СВЕТИ ТРИФУН”: Во Демир Капија ќе се одржи велосипедска тура во чест на зaгинaтитe

Општина Неготино ги информира граѓаните дека поради денешниот трагичен настан кој ја потресе цела држава се откажуваат сите планирани настани и активности по повод „Свети Трифун.

Општина Неготино, градоначалникот Тони Делков и Советот на Општината до семејствата на загинатите упатуваат сочуство за нивната огромна загуба.

Културно-забавниот дел се откажува и во Демир Капија. Ќе се одржи само велосипедската тура и ќе биде во чест на загинатите во несреќата.