дома Македонија Откако Заев го нарече другар, Бени му порача: Нека си мисли што...

Откако Заев го нарече другар, Бени му порача: Нека си мисли што сака, не гласам за Шилегов

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Бени Шакири нема коментар за вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев во која го нарече негов другар и оти е убеден дека нема да гласа за ВМРО-ДПМНЕ.

Шакири во изјава за „Република“ вели дека нема коментар на зборовите на Заев и оти знае сигурно дека нема да гласа за Шилегов.

-Немам коментар за изјавата на Заев и на тоа што го рекол и што мисли со тоа. Јас точно знам што реков по изборите и останувам на ставот дека знам за кого нема да гласам, а тоа е Шилегов. Јас сум возрасен човек со изграден став врз основа на неговото четиригодишно работење и како би го сменил за еден ден, вели Шакири за „Република“.