дома Македонија Откако се породи, судот го одложи судењето за Јанкулоска

Откако се породи, судот го одложи судењето за Јанкулоска

Судењето за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за набавката на „мерцедесот“ е одложено за 29 август, откако ќе заврши судската ферија (годишниот одмор).

Утрово таа требаше да се појави на рочиштето, но поради нејзината состојба рочиштето не се одржа. Јанкулоска вчера се породи и на свет донесе здраво машко дете, кое го доби името Петар.

На екс министерката и се суди во раздвоена постапка во предметот „Тенк“ бидејќи имаше ризична бременост. За „мерцедесот“ затворски казни добија другите двајца обвинети, поранешниот премиер Никола Груевски – 2 години, и екс помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски – 6 години и 6 месеци.