дома Локално ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗОШТО ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ Е НЕУСПЕШНО: Шилегов ангажирал авиони кои...

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗОШТО ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ Е НЕУСПЕШНО: Шилегов ангажирал авиони кои фрлаат мамки за лисици, а не се опремени за прскање против комарци

Како никогаш претходно попрашувањето против комарците стана тема во главниот град. Илјадници граѓани се жалеа поради присуството на комарците во Скопје, додека функционална реакција од градот изостана.

Курир пишува дека порано запрашувањето против комарци го правела фирмата „Бониер“. Тоа било така со години наназад, уште додека градоначалник на град Скопје бил Ристо Пенов.

Оваа година запрашувањето го вршела друга фирма од Скопје, за прв пат досега. Инаку, оваа фирма претходно фрлала мамци во кои има вакцини за лисици низ планините во Република Македонија за што и се обучени, додека фирмата „Бониер“ тоа не го прави, но затоа е обучена за прскање против комарци.

Според одредени сознанија запрашувањето против комарци се вршело со 2 авиони кои носат по 600 литри средство за прскање, и поради малиот капацитет мора да се полнат барем по 3 пати за тие 2 часа колку и што мора да трае прскањето. Затоа мора да летаат брзо, а кога тоа го прават мора да летаат и повисоко за да не се судрат во некој од објектите. Токму тоа оневозможува да има било каков ефект прскањето против комарците, бидејќи упатените во оваа проблематика говороат дека кога авионите летаат високо средството против комарци испуштено од поголема висина нема никаков или многу мал ефект.

Дополнително, ваквата грешка овозможи ларвите од комарци да се развијат и сега кога веќе тие се веќе размножени многу малку може да се направи.

Непознато е зошто Шилегов ја смени компанијата специјализирана за прскање против комарци, а единствениот излез е поладното време кое може да ги спаси скопјани.