дома Свет Откриена фабрика за кокаин што произведувала по 200 килограми на ден

Откриена фабрика за кокаин што произведувала по 200 килограми на ден

Полицијата уапси 17 луѓе во Холандија по рацијата на куќа што се користела како фабрика за кокаин.

Околу 100 килограми кокаин и илјадници литри хемикалии беа конфискувани во поранешната школа за јавање која ја претвориле во фабрика за производство на кокаин.

Во лабараторијата, што се наоѓа на 120 километри североисточно од Амстердам, инспекторите пронашле простории за спиење и место за рекреативни активности. Главниот инспектор Андре Ван Ријн изјави дека лабараторијата произведувала кокаин со улична вредност од 4.5 до 6 милиони евра секој ден.

„Ова е најголемата лабараторија за кокаин што до сега сме ја откриле во Холандија.Со оглед на бројот на луѓе што работеле таму, инсталацијата, големината и опремата, проценнуваме дека капацитетот на производство бил од 150 до 200 килограми кокаин на ден.“ – Додаде тој.

 

Во полициските снимки се гледа и опремата користена за производство – Пластични буриња, казани со хемикалии, пет миксери за цемент, кои се користеле да се извади кокаин од облека што била инфузирана со дрогата, пред да биде извезена во Холандија.