дома Хроника Откриени две лицa стopитeли на три paзбојништвa во Тетово

Откриени две лицa стopитeли на три paзбојништвa во Тетово

Тетовската полиција соопшти дека откриле две лица како сторители на три разбојништва, односно кражби со употреба на оружје во маркети во 2018 година. За двајцата е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово.

-М.А (44) од Горни Милановац, Република Србија и уште едно лице, се сомничат дека во април, мај и јуни 2018 најчесто во периодот од 20 до 21 часот и 30 минути, извршиле кривично дело „разбојништво“ во три маркети во Тетово, во кои влегувале маскирани со „фантомки“ на главите, додека едниот од нив им се заканувал на вработените со огнено оружје (пиштол), одземајќи пари од касите, информира СВР Тетово.

Тие од вработените во маркетите во овие разбојништва вкупно одзеле близу 140 илјади денари.