дома Занимливости ОТКРИЕН ДРЕВЕН ДВОРЕЦ НА МАИТЕ: Тим од археолози при ископувања во Мексико...

ОТКРИЕН ДРЕВЕН ДВОРЕЦ НА МАИТЕ: Тим од археолози при ископувања во Мексико откриле древна палата со големина на половина фудбалско игралиште

Археолозите при ископувања во Мексико, во близина на градот Канкун, откриле древна палата со големина на половина фудбалско игралиште кој потекнува од периодот на цивилизацијата на Маите, пренесуваат во петокот светските агенции.

Големиот дворец се наоѓа на територијата на древниот град Кулуба, во близина на денешното модерно летувалиште Канкун во источно Мексико.

Научниците претпоставуваат дека градбата висока шест метри и долга 55 метри, била користена пред повеќе од илјада години, односно во периодот меѓу 600 и 1500 година пред нашата ера.

„Ова е само почетокот, затоа што досега откривме една на најобемните структури, а има и други“, оцени за Deutsche Welle, Алфредо Барера, археолог од Националниот институт за антропологија и историја.

Археолозите коишто работата на наоѓалиштето велат дека пoдзeмјeтo, скалилата, пиластерите и другите украсни елементи се зачувани во добра состојба.

Истражувачите, исто така, истражуваат уште четири други објекти во областа, меѓу кои и објект за жpтвyвaњe, ypнaтини на две градби наменети за живеење и кружна структура која би можела да биде пeчкa.

Во периодот меѓу 250 и 900 година цивилизацијата на Маите била на својот врв и контролирала значителни делови од денешно јужно Мексико, Гватемала, Белизе и Хондурас, а исто така одржувала врски и со соседните цивилизации.