дома Балкан ОТКРИЕН ОПАСЕН ПЛАН НА ЛОНДОНСКИТЕ АГЕНТИ: Англија подготвува своја српска партија во...

ОТКРИЕН ОПАСЕН ПЛАН НА ЛОНДОНСКИТЕ АГЕНТИ: Англија подготвува своја српска партија во Косово

Британските разузнавачи подготвуваат терен за партија која ќе биде пандан на најјаката опција на Србите во Косово. Врбуваат српски видни личности, планот го спроведува Фатмир Шехоли-дознава ,,Новости“ рс.

По налог на британските разузнавачи на Косово се подготвува терен за формирање на нова српска партија за србите на Косово, која ќе биде контролирана од Лондон, а ќе претставува пандан на Српската листа, која е најрепрезентативнаа и најјака српска политичка опција во Косово.

До овие информации, како што дознава Новости рс, дошле српските безбедносни служби a целта на овој oпасен проект е да се истисне и намали влијанието на официјален Белград на Косово, како и србите да се интегрираат во косовските институции во што поголем број, но без реална можност за влијание, со што Косово би имало наводен доказ за мултиетничност и почитување на правата на малцинствата.

Истотака, една од намерите на оваа стратегиај е да се создаде клима,,општ отпор“ на идејата за разграничување, како можно трајно решение на косовското прашање, како меѓу албанците на Косово така и во централна Србија, и Белград практично да се доведе до ситуација пред свршен чин дека признавањето ан Косово во сегашните граници е едиствено решение доколку сакаат да ги продолжат евро интеграциите.

Во овој план , според доверливи извори, главната врска на Британците со Косово е Фатмир Шехоли, приштинскиот политички аналитичар и директор на Институтот за афирмација на мешуетничките односи, чија задача е да ги придобие авторитетните Срби од Косово за формирање на партија.Шехоли инаку е во добри односи со поголем број најважни албански политичари, вклучувајќи ги и Хашим тачи и Рамуш Харадиај .

Овој аналитичар ќе биде организатор на Собирот-дебата во средина на јануари 2019 г. во Медиа центрот во Чаглавици, на кој собир ќе се разгледува актуелната ссотојба во преговорите помеѓу Приштина и Белград. На оваа дебата, како што се очекува ќе се соберат главните претставници ан опозицијата-Вук Јеремиќ, драган Ѓилас, Саша Јанковиќ, и Зоран Лутовац, а од српските политичари од Косово Славиша Петковиќ, Ненад Рашиќ, Рада Трајковиќ и Алекссандар Јаблановиќ.

Според сознанијата на Новости, финансиската поддршка на оваа дебата е финансирана од британската непрофитна фондација ИМАН. Нејзиното седиште е во Лондон, а е составена од високи претставници на британската аристократија, лордови од Горниот дом на британскиот парламент и членови ан Ротари клуб.

Според тоа што е наведено на сајтот на оваа организација, таа има за цел да го промовира дијалогот за зацврстување на меѓународното разбирање и соживот преку размена на идеи, луѓе, култури и религии. Активна е на секаде низ светот, а најактивна е на Блискиот Исток и Балканот.

Организацијата ИМАН ја предводи Рибал Ал Асад, членот на позантата сириска фамилија од која потекнуваат двајца претседатели на оваа држава, Садат и Башар.