дома Македонија Откpиена причината за кластерот во Тетово – На свадба се зapaзиле 15...

Откpиена причината за кластерот во Тетово – На свадба се зapaзиле 15 лица

Свадба во Џепшиште ја разгори епидемијата на ковид во Тетово. Од веселбата пред една недела повеќе од 15 свадбари го зголемиле бројот на новодијагностицирани во градот под Шара. Освен овој кластер, од тетовскиот центар за јавно здравје за Сител потврдија дека имаат уште еден фамилијарен каде вработен во продавница заразил повеќе членови во семејството.

Зголемувањето на бројот на случаите се должи како резултат на неносење на маски во затворени простории односно непочитување на препораките. Имаме случај на 6 лица поврзани од едно семејство а изворот е еден член кој прв се заразил. Исто така опуштањето на народот, прославите и групирањата допридонесоа бројката да ни расте, изјави за Сител др. Сузана Субашиќ раководител на одделението за епидемиологија во Центар за јавно здравје Тетово.

Статистиката покажува дека во Тетово само за седум дена има 50 новодијагностицирани на ковид 19 од кои кај 4 е потврдена бразилската мутација на вирусот. Доколку свадбените прослави продолжат без почитување на протоколите, според лекарите бројките ќе бидат многу поголеми.

Како што се шири вирусот во тетовскиот регион така расте и бројот на активни случаи во државата кој од 141 минатата недела денеска стигна до 197.

Засега во Тетово не се предвидени дополнителни мерки а според здравствените власти епидемиолошката состојба во државата е стабилна и во повеќе од 20 градови нема корона.

За разлика од кај нас, повеќе европски земји најавуваат рестрикции поради ширењето на индиската мутација која е многу позаразна од британската. Шпанија го враќа полицискиот час а во Франција имунизацијата ќе биде задолжителна за здравствените работници.