дома Временска Прогноза ОТСЕЧЕН ПАТОТ КОН ГП ЈАЖИНЦЕ: Се излеа Поројска река, отсечен патот кон...

ОТСЕЧЕН ПАТОТ КОН ГП ЈАЖИНЦЕ: Се излеа Поројска река, отсечен патот кон граничниот премин Јажинце!

Поради обилните врнежи од дожд по 17:00 часот попладнево кај селото Порој се излеа Поројска река, а наносите од кал, камења и вода предизвикаа целосен прекин на сообраќајот во двете насоки по регионалниот пат Тетово – Граничен премин Јажинце.

Поради оваа блокада сообраќајот од страна на полициски екипи се пренасочува преку Лешок, Сиричино и клучката за Желино, велат од полицијата.