дома Европа Отkaз за оние здравствени работници кое ќе одбиjaт да се вакцинираат, предупредува...

Отkaз за оние здравствени работници кое ќе одбиjaт да се вакцинираат, предупредува ирската здравствена служба

Здравствените работници во Ирска кои одбиваат да примат вакцина против коронавирус би можеле да останат без работа, пишува „Ајриш тајмс“.

Извршниот директор на ирската здравствена служба, Пол Рајд, изјави дека е непростливо здравствените работници кои работат со пациенти да не ја примат вакцината, пренесе „Танјуг“.

Рајд додаде дека секој има право да ја одбие вакцината, но дека Законот за здравје и безбедност им дозволува на вработените да бидат отстранети од работното место доколку тие претставуваат опасност за други луѓе.