дома Македонија Официјални детали за напaѓaчот од Виена: Има потекло од тетовското село Челопек,...

Официјални детали за напaѓaчот од Виена: Има потекло од тетовското село Челопек, поседувал и македонско државјанство

Haпaѓaчот од Виена кого полицијата го зacтрела, бил роден во Модлинг, но има потекло од тетовското село Челопек. Станува збор за К.Ф. роден на 24 јуни 2000 година во Модлинг, Австрија. Негов татко е Ј.Ф., додека мајка А.Ф. од селото Челопек, општина Брвеница кај Тетово.

Дека потекнува од земјава потврди и австриската полиција, односно министерот Карл Нехамер, кој соопшти дека yбиeниот нaпaѓaч имал 20 години и поседувал двојно државјанство, на Австрија и на Македонија.