дома Спорт ОФИЦИЈАЛНО: Алжирецот Калифа Гедбан ќе го чува голот на Вардар!

ОФИЦИЈАЛНО: Алжирецот Калифа Гедбан ќе го чува голот на Вардар!

Македонскиот ракометен првак и учесник во Лигата на шампионите, Вардар, конечно го реши проблемот на голманската позиција и договори трансфер на алжирскиот 21-годишен чувар на мрежата Калифа Гедбан.


Алжирецот кој во минатото бранеше за јуниорската репрезентација, заедно со поранешното крило на Еурофарм Работник, Серхио Барос, требаше да направи трансфер во шпанскиот Анхел Хименез, но истиот не беше реализиран и голманот кариерата ќе ја продолжи во Македонија. Тој веќе ги договори личните услови со Вардар и доаѓа во нашата земја.

Гедбан по настапот на Медитеранските игри тренираше со соиграчите од Анхел Хименез, но тренерот на овој тим Хулиан Руиз не го користеше на пријателските натпревари со изговор дека е далеку од потребната форма.

Во таборот на ланскиот учесник на Ф4, Калифа Гедбан доаѓа на местото на Страхиња Милиќ и ќе дели минутажа со Дејан Милосављев и Марко Кизиќ.