дома Спорт ОФИЦИЈАЛНО: Интер му врачи отказ на Лучијано Спалети

ОФИЦИЈАЛНО: Интер му врачи отказ на Лучијано Спалети

Лучано Спалети не е повеќе тренер на Интер, откако 60-годишниот стратег доби отказ од „Џузепе Меаца“ и тоа по две поминати сезони на клупата.

Одлуката за отказ на Спалети беше очекувана, иако успеа да се пласира во Лигата на шампиони, но раководството подготвува ремонт на екипата, па поради тоа реши да се раздели со стратегот.

Спалети во Интер го предводеше клубот на вкупно 90 натпревари, а притоа успеа да стигне до 46 победи, 24 нерешени резултати и 20 порази.

скусниот стратег нема да замине со празни раце, зашто клубот мора да му плати 25 милиони евра отштета, а на негово место во Милано треба да пристигне Антонио Конте, кој долго време се поврзуваше со „нераѕурите“.