дома Актуелно Официјално потвpдени десет жpтви, но бројката може да порасне

Официјално потвpдени десет жpтви, но бројката може да порасне

Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, министерот за здравство д-р Венко Филипче, изразува најдлабоко сочуство до семејствата. Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. МЗ апелира до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме.

Поради пожарот во тетовскиот Ковид центар формиран е кризен штаб предводен од премиерот Зоран Заев, во кој се и Артан Груби, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Оливер Спасовски, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Теута Арифи.