дома Спорт ОФИЦИЈАЛНО: Сари е нов тренер на Јувентус, Челзи го ослободи италијанецот од...

ОФИЦИЈАЛНО: Сари е нов тренер на Јувентус, Челзи го ослободи италијанецот од договорот

Маурицио Сари постигна договор со Јувентус да стане следниот тренер на шампионот во Серија А и побара од Челзи да го ослободи од обврските во договорот за  да се приклучи на Бјанконерите.

Фали Рамадани, агентот на Сари, се сретнал со менаџментот на Челзи во петокот за да разговара за иднината на неговиот клиент со клубот, а водено ги информирал дека Сари веќе има постигнато согласност со клубт од Торино.

60-годишниот Сари коректно почека до крајот на сезоната, а посебно финалето на Лигата на Европа, за да ја разгледа понудата на Јувентус за она што следува во неговата кариера.