дома Актуелно ОФИЦИЈАЛНО: Скопјани, тетовчани, кумановчани и штипјани во 4 дневен карантин?!

ОФИЦИЈАЛНО: Скопјани, тетовчани, кумановчани и штипјани во 4 дневен карантин?!

Заради зголемениот број на ново дијагностицирани случаи со ковид-19 во земјата, денеска Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче одржа координативен состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи на кој се разговараше за понатамошното делување во насока на спречување на ширењето на заразата.

По состанокот, Комисијата за заразни болести до Владата на Република Македонија ќе ги достави следните предлог мерки за претстојниот продолжен викенд:

– Полициски час од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до понеделник (8 јуни) до 05.00 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

– Во сите останати градови, полицискиот час да трае – од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до петок (5 јуни) до 05.00 часот наутро. Останатите денови полицискиот час да започнува од 16.00 часот и да трае до следниот ден до 05.00 часот наутро.