дома Македонија Охридските средношколци на улиците во градот испратија порака дека се за унитарна...

Охридските средношколци на улиците во градот испратија порака дека се за унитарна Република Македонија

Охридските средношколците повторно излегоа на улиците да изразат поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Денеска учениците од средното стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Охрид, со развеани македонски знамиња, решија порано да ги напуштат часовите, за да испратат порака дека се против разнебитување и за задржување на унитарноста на државата.

Студенти и средношколци и од многу други градови секојдневно излегуваат на улиците за да кажат „НЕ“ за двојазична Македонија и дебати кои се вовед во промена на химната, знамето и грбот на Република Македонија.