дома Локално Охриѓани и денеска со поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА- побараа нови избори

Охриѓани и денеска со поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА- побараа нови избори

Граѓани на Охрид попладнево излегоа на протест за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија и побараа нови избори.

Гоце Китески во нивно име ги повика сите граѓани на Република Македонија да излезат и да го продолжат делото на Гоце Делчев и неговите идеали за самостојна и слободна Македонија.

Протестот почна на плоштадот кај охридската гимназија, а продолжи со марш низ улиците во централното градско подрачје.