дома Македонија ОЧИТЕ НА ЦЕЛИОТ СВЕТ ЌЕ БИДАТ ВПЕРЕНИ ВО СКОПЈЕ: 228 земји ќе...

ОЧИТЕ НА ЦЕЛИОТ СВЕТ ЌЕ БИДАТ ВПЕРЕНИ ВО СКОПЈЕ: 228 земји ќе го пренесуваат Суперкупот

Речиси ќе нема место на земјината топка каде нема да може да се гледа пренос од Суперкупот во Скопје на кој ќе играат Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Суперкупот на УЕФА е најголемиот спортски настан кој се случил во Македонија, во вторник на „Филип Втори“ Арената ќе истрчаат ѕвездите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.
Ова ќе биде и најголемиот УЕФА Суперкуп досега, бидејќи никогаш во него не учествувале два гиганти како Манчестер јунајтед и Реал Мадрид поради тоа што вообичаено победник во Купот на УЕФА или Лига Европа е помалку атрактивен тим.
Според УЕФА, директен пренос од „Филип Втори“ ќе има во 228 земји ширум светот и се очекува гледаност од половина милијарда гледачи, што ќе претставува и еден од најгледаните спортски настани воопшто.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед се игра во вторник, на 8. август со почеток од 20:45.