дома Социјални Мрежи „ОЧИ НЕМАТЕ ЛИ?!“ ПРАШУВААТ ГРАЃАНИТЕ: Бездомниците смрзнуваат на температури под нулата, Царовска...

„ОЧИ НЕМАТЕ ЛИ?!“ ПРАШУВААТ ГРАЃАНИТЕ: Бездомниците смрзнуваат на температури под нулата, Царовска не презема ништо!

Уште од почетокот на зимските денови, негрижата од страна на институциите ги остави бездомниците сами на себе. Тие се оставени со парче облека да мрзнат и да бараат засолништа по влезови на згради, институции и слично, алармираат граѓаните.

Министерството кое е задолжено за ваквите случаи како и на претходните други случаи не реагираше. За ваквата состојба на оваа ранлива категорија на граѓани, граѓаните дирекно го посочуваат министервото со кое министерува Мила Царовска.

Но, кога станува збор за Царовска не можат да се заборават случаите со силуваните деца од Домот за деца“25 Мај“. За ова медиумите уште на почетокот на година објавуваа слики каде деца беа злоупотребувани, питачеа и слично.

Но, министерството за труд и социјална политика во однос на ова прашање не даде никаков одговор, ниту некаква реакција.