дома Македонија ОЈО го доби обдукцискиот наод за смртта на пејачот Влатко Илиевски

ОЈО го доби обдукцискиот наод за смртта на пејачот Влатко Илиевски

Обдукцискиот наод за смртта на пејачот Влатко Илиевски е изготвен и пратен до обвинителството.

Од обвинителството ја потврдуваат оваа информација за 1ТВ, но без да ги соопштат наодите. Велат дека извештајот се разгледува во моментов.

-Истиот се разгледува, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката, велат од ОЈО за 1ТВ.