дома Македонија ОЈО формираше предмет за злоупотреби при доделување грантови од Фондот за иновации

ОЈО формираше предмет за злоупотреби при доделување грантови од Фондот за иновации

По објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас.

Од Обвинителството соопштуваат дека преземаат дејствија за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран.​