Оcлободувањето од патарината пред Уставен суд: Алијанса и Алтернатива ја оспорија одлуката за оcлободувањето на српските државјани од плаќање на патарина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Владата за ослободувањето на српските државјани од плаќање на патарина при транзит низ земјава.

– Сметаме дека оваа владина одлука е противзаконска, бидејќи во Законот за јавни патишта таксативно пишува кои возила се ослободени од плаќањето на патарина. Затоа, оценуваме дека секоја владина одлука треба да биде во согласност со законите на Република Македонија, изјави адвокатот на коалицијата Абидин Абдули.
Абдули истакна дека не е првпат да не добијат одговор од Уставниот суд, но, како што рече, тие како политичка партија го креват гласот против секоја неправда, против секоја владина одлука која не е во согласност со законите на оваа земја.

Владата пред неколку дена донесе одлука да се изработат 200.000 електронски картички за плаќање патарина за српските туристи и тие ќе им бидат давани на влез во Македонија на Табановце. На електронските картички ќе има 760 денари, колку што чинат патарините на автопатот од Табановце до Богородица. Изработката на една картичка ќе чини 100 денари. Картичките нема да можат да ги користат српските туристи кои ќе се упатат кон Охрид.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This