дома Актуелно ПАДНА ПРВОТО АПСЕЊЕ ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Четворица членови на СДСМ од Кочани...

ПАДНА ПРВОТО АПСЕЊЕ ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Четворица членови на СДСМ од Кочани уапсени откако биле фатени на дело!

Паднаа првите апсења за предизвикување на изборни нерегуларност за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 11-ти декември (недела), и тоа на одговорност на опозициската партија. 

 

Имено, денес во 19.00 часот две лица од село Тркање кочанско, во ПС Кочани пријавиле дкеа лицето Сашко Митев од истото сели им ги побарал личните карти за да неможат да го остварат избирачкото право во недела за надомест од по 1.000 денари.

За овој случај било известено Основното Јавно Обвинителство и надлежен судија кој издал насоки за понатамошна постапка. Оштетените оствариле контакт со осомниченото лице, кој со уште 3 лица, со две возила дошле на средбата.  Кога го забележале присуството на полицијата, осомничените се обиделе да ја заташкаат ситуацијата.

Над истите е извршен претрес при што кај едното лице се пронајдени два списоци во кој се наведени лица и износи кои се исплатени за да не излезат на гласање.

По добиените насоки на ОЈО лицата се приведени во П.С. Кочани за документирање на настанот, а следува и претрес на нивните возила по обезбедување на наредбата.